Несреќа на ЕМОФ, прегазени двајца велосипедисти од Исланд

Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двaјца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за велосипедска трка во рамките на ЕМОФ 2025

Скопје е домаќин на ЕМОФ – Европскиот младински олимписки фестивал, а дел од натпреварувањата се одржуваат во Куманово.

Токму таму, вчера се случила незгода во која повредени биле две момчиња од Исланд.

Кумановец со „фолксваген пасат“ удрил во двaјца малолетни велосипедисти додека се подготвувале за денешната велосипедска трка која се одржува во рамкиите на ЕМОФ 2025, информираше денеска СВР Куманово.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата велосипедисти, констатирани во општа болница Куманово.

– Вчера во 12: 09 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, атар на село. Зубовце, кумановско, патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.Б.(42) од Куманово, удрило во двајца малолетни велосипедисти од Исланд, кои се учесници на младинските европски олимписки игри кои се одржуваат во земјава и кои се подготвувале за денешната велосипедска трка, соопшти полицијата.

Инаку, уште првиот ден се појавија фотографии каде во еден од хотелите каде се сместени натпреварувачите паднал дел од таванот во бањата, а граѓани реагираат дека децата од различни земји на Европа се оставени сами да се снаоѓаат со скопкиот јавен превоз на температури над 40 степени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни