Нереално висока победа на Баерн Минхен во првото коло на Светското клупско првенство

Џамал ​​Мусијала постигна три гола за тимот од Минхен, Кингсли Коман, Михаел Олисех и Томас Милер постигнаа по два гола, а Саша Бое еднаш се запиша во листата на стрелците.
SEATTLE, WASHINGTON - JUNE 01: FIFA World Cup Trophy is displayed at Lumen Field on June 01, 2025 in Seattle, Washington. (Photo by Soobum Im - FIFA/FIFA via Getty Images)

Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен го победи Оукленд од Нов Зеланд со резултат од 10:0 во првото коло од групната фаза на Светското клупско првенство.

Натпреварот се одигра на стадионот „TQL“ во Синсинати (САД).

Џамал ​​Мусијала постигна три гола за тимот од Минхен, Кингсли Коман, Михаел Олисех и Томас Милер постигнаа по два гола, а Саша Бое еднаш се запиша во листата на стрелците.

Баерн упати неверојатен 31 удар кон голот на противникот (17 во рамките), додека Оукленд имаше само еден удар кон голот против германскиот тим.

Во второто коло од групната фаза на Светското клупско првенство, Баерн ќе игра против Бока Јуниорс, а Оукленд ќе игра против Бенфика. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни