Неприкосновените Duran Duran со арена шоу во Скопје

Покрај името и кариерата на Duran Duran стојат многу епитети: безброј хитови, #1 албуми, стадионски концерти и многу повеќе

 Vо моментот кога се најголеми и најпопуларни ширум светот кога е овој век во прашање (концерт во “Hyde Park” – Лондон со 80.000 посетители, големи арени ширум светот, големи фестивали низ целата планета), Duran Duran ќе свират и во Скопје, во Арена Борис Трајковски.

„Задоволство ни е да ви најавиме дека без конкуренција најголемиот рокенрол концерт оваа сезона во Македонија ќе се случи на 2-ри јули во Скопје со сигурно најфраерскиот бенд на светот на сите времиња – кој е истовремено и “iconic” и супер модерен и денес“ информираат од Авалон Продукција, организаторите на концертот

Покрај името и кариерата на Duran Duran стојат многу епитети: безброј хитови, #1 албуми, стадионски концерти и многу повеќе.

Со глобални класици како “Hungry Like the Wolf”, “Rio”, “Come Undone” “Girls on Film”, “Ordinary World”, “Notorious”… до нивното најново издание “Danse Macabre”, со повеќе од 100 милиони продадени носачи на звук ширум светот и кариера што се протега повеќе од четири децении, Duran Duran остануваат еден од највлијателните и најтрајните состави во современата музика.

Примени во Rock & Roll Hall of Fame во 2022 година, бендот е добитник на бројни меѓународни награди и продолжува да настапува како хедлајнер на најголемите фестивали ширум светот.

Влезниците ќе бидат во продажба од ЧЕТВРТОК (19 ФЕВРУАРИ) во 10 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk низ Македонија

Сите информации за цените и категориите ќе бидат објавени вечерва на нашите социјални мрежи, додаваат од Авалон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни