Финското Министерство за одбрана соопшти дека денес непознати беспилотни летала навлегле во воздушниот простор на југоисточниот дел од земјата, при што ситуацијата е оценета како сериозна.
Според информациите од Хелсинки, неколку мали и бавни дронови биле забележани како летаат над морето, а две од нив паднале во близина на градот Коувола. Засега не е познато од каде потекнуваат леталата, а надлежните служби ја истражуваат ситуацијата. Финскиот министер за одбрана Анти Хаканен изјави дека државата ја третира ситуацијата со највисоко внимание, нагласувајќи дека дроновите навлегле на територијата „залутајќи“.
Во последниот период и балтичките држави пријавија слични инциденти со дронови, што дополнително ја зголемува загриженоста за безбедноста во регионот. Според Ројтерс, сè уште нема официјална потврда од каде потекнуваат леталата.
Извор: Reuters