Цар, кадија, чорбација, селанец, па дури и во улога на Господ. Еден од најпознатите глумци во историјата на театарската и филмска уметност во Македонија, има одиграно стотици улоги во претстави во Македонскиот народен театар и во други театри, како и на филмското платно.
Колозов дипломирал на Академијата за драмска уметност (денес Факултет за драмски уметности), при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, во 1973 година. По дипломирањето, тој бил вработен во Македонскиот народен театар.

Во неговата богата филмографија се вбројуваат театарски претстави, улоги во играни филмови и тв серии. Дел од нив се: Македонски народни приказни, ,,Трст виа Скопје”, ,,Нели ти реков”, ,,Тетовирање”, ,,Јуначко колено”, ,,Во светот на бајките”, ,,Последниот фалцер”, ,,Смилевскиот конгрес”, ,,Од зад грб”, ,,Црвениот коњ”, ,,Волшебното самарче”, ,,Белото циганче”, ,,Пред дождот”.
Колозов освен во земјата, беше популарен и во соседните држави, како и во САД и во Австралија.
Добитник е на многу награди како:„13 Ноември“, „Ристо Шишков“, награда за уметник на годината според анкетата на Екран, „Војдан Чернодрински“, „11 Октомври“.