Неповратни средства до 600.000 денари за млади земјоделци

Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.

Апликантот треба да ги исполнува следните услови:

  • Од 18-40 години старост на апликантот на денот на аплицирање
  • Да не е пријавен повеќе од 18 месеци во ЕРЗС при МЗШВ (значи нови земјоделци)
  • Да е регистиран замјоделец ( Согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување или Законот за вршење на земјоделска дејност)
  • Да има минимум 60 бода согласно табелата за бодирање за да биде разгледуван.

Потребни документи:

  • Електронско барање
  • Понуда (профактура) со спецификацијата
  • Деловен план
  • Диплома од средно замјоделско училиште или Сертификат за завршена обука за земјоделска дејност. (или обуката да биде предвидена во Деловниот план)
  • Потврда или Решение  од Фондот за ПИОМ дека е земјоделец.
  • Имотен лист за недвижниот имот (договор за закуп).

Може да се аплицира за:

  • Опрема за постбербени активности во растително
  • Опрема за преработки од  во животинско производство (и пчеларство влегува тука)

Максимална поддржана сума 600 000, денари.

Потребно да се обезбедат 60 бода од можни 100.

1.Доколку целта на инвестицијата е набавка на опрема за после бербени активности во растително производство; 10 бода

2.Доколку целта на инвестицијата е набавка на опрема за преработка на земјоделски производи и производи од животинско потекло; 10бода

3.Доколку активностите од деловниот план се одвиваат во ридско-планински подрачја; 10бода 4.Доколку корисникот се занимава или планира да се занимава со сточарство; 10 Доколку корисникот е член на земјоделска задруга 15бода

5.Доколку корисникот е индивидуален земјоделец – носител на земјоделско стопанство и регистриран вршител на земјоделска дејност согласно Закон за вршење на земјоделска дејност или носител на семејно земјоделско стопанство кој се стекнал со статус на осигуреник согласно Закон за пензиско и инвалитско осигурување 35бода

6.Доколку корисникот е во плански регион, според стапенот на развиеност на регионот:

– Скопски регион 1бод

– Југоисточен регион 2бода

– Источен регион 3бода

– Пелагониски регион 4бода

– Вардарски регион 5бода

– Југозападен регион 6бода

– Полошки регион 8 бода

– Североисточен регион 10 бода

Во тек  е јавниот повик за Мерката 112 „Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“ позната како мерка  „Млад земјоделец“ од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Мерката овозможува финансиска поддршка во форма на грант до 600.000,00 денари од прифатливите трошоци по поединечен корисник.

Новина од оваа година, за прв пат е АВАНСНА исплата на средствата во вредност од 40 % веднаш по потпишување на договорот. Повикот е отворен до 15.10.2023 година, а до крајот на годината треба да се обработат сите апликации од страна на Платежната агенција, со цел сите млади земјоделци кои ќе ги исполнат условите, да добијат грант.

Извор: agrotim.mk

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни