Во истражувањето за засрамувачките барања за жените на пазарот на труд, објавен на ,,Трн”, на авторките Натали Китаноска и Ивана Јовановска, во кое беа опфатени 56 испитанички, се истражуваат дискриминаторските практики на пазарот на труд кои се врзани со физичкиот изглед на жените. Текстот се потпира на изјавите и личните искуства на жени вклучени во работните процеси, а истовремено го третира женското работно искуство низ родова експертиза. Во контекст на спроведеното истражување, дополнително го анализираме неплатениот емоционален труд на жените и на вработувањето, како и нивните искуства на пазарот на труд поврзани со барањата од работодавците и предизвиците со кои се соочуваат.
Емоционалниот неплатен труд е нешто кое не се признава како дел од проблемите со кои жените се соочуваат, ниту на работа, ниту во приватниот живот. И во двете сфери, тој предизвикува дополнителен замор, а е поврзан и со барања како жените треба да се однесуваат во поглед на нивните расположенија во текот на денот. Освен очекувањата за одреден физички изглед, од жените во многу работни средини се бара да бидат смирени, љубезни, емпатични, поттикнувачки на добри односи и оние кои ќе ги решаваат проблемите. Oд нив често се инсистира да бидат и емоционални столбови на работните тимови, кои посредуваат во стресни ситуации, ги слушаат колегите, смируваат незадоволство – иако овие задачи не се во описот на нивните работни позиции.
Опстанокот на тимската култура често се потпира на очекувањата дека жените во тимовите се тие кои ќе се погрижат за овој дел. Bo овој дел од очекувањата, се додаваат и барањата да бидат прилагодливи со клиентите, топли со шефовите, а истовремено и поддржувачки со колегите. Во различни аспекти на работата, од нив се бара адаптација и задоволување на потребите на останатите делови од тимот. На ова се надоврзува и притисокот за одржување на позитивна атмосфера, односно потребата жените да бидат носители на благосостојбата во тимовите.

Во контекст на ова, истражување на BBC покажува дека жените на работните места почесто се задолжени со канцелариски работи кои немаат врска со напредок во кариерата, туку со планирање и водење активности околу самите канцеларии и тимот. Дополнително, доколку не се согласат на ова, тие се казнети со стагнирање од напредување на нивното работно место. Според студија од NYU Abu Dhabi кое се наведува во текстот, таканареченото ,,просоцијално” однесување (грижа за другите), може да ја намали шансата жените да напредуваат до лидерски позиции, бидејќи им одзема време и ресурси без соодветна награда. Овој тип на пракси не само што го исцрпуваат нивното време, туку и емотивни ресурси што дополнително предизвикува исцрпување и умор кога се наоѓаат на работните места.
Друго истражување на Форбс, покажува дека неплатениот труд се нормализира уште од најмали нозе, односно веќе до 14 години девојчињата извршуваат 50 проценти до домашниот неплатен труд во споредба со момчињата. Понатаму, дури и во родово-најсензитивните земји како Норвешка и Шведска, жените извршуваат 42-50 минути дневно повеќе неплатен труд дневно од жените.
Претходно споменатите статистики, доведуваат до значителен пораст на состојбите на аксиозност, депресија и прегорување кај женската популација на работните места, како што е наведено во текстот, кој е поврзан и директно со биолошкиот стрес, односно зголеменото ниво на кортизол.
Во претходно објавеното истражување на Трн се покажува суровата реалност за жените, кои освен позитивните квалификации се принудени да вложуваат во својот изглед и позитивна енергија, за да добијат или задржат работно место. Ова се надоврзува со глобалните податоци: според Форбс, жените извршуваат над 75 проценти од целиот неплатен труд, кој го вклучува и емоционалниот односно грижата за другите, одржувањето на хармонијата и атмосферата. BBC дополнува дека токму овој труд е невидлив, не се вреднува, но се очекува како норма.

Податоците изнесени погоре укажуваат на тоа дека жените на пазарот на труд драматично се соочуваат со притисоци од различен вид за да бидат совршени, а ова го следи фактот дека токму нивниот емотивен труд не се препознава и вреднува, што е неправда која укажува на системски недостатоци кои ги ограничуваат и го спречуваат нивниот напредок од секој можен аспект.
Извори: