Причината за ова време е јужното и југозападното струење кое донесе топла и влажна воздушна маса над нашата земја.
Локални врнежи од дожд се регистрирани низ повеќе региони, а најинтензивни биле во западните предели. Ветерот од јужен и југозападен правец е засилен, на моменти и силен, што придонесе за динамична и нестабилна утринска атмосфера.
Според податоците од УХМР, утрово до 8 часот минималните температури се движеа значително над просекот за октомври, а измереното количество врнежи во некои градови достигнало и неколку десетици литри на метар квадратен.
Метеоролозите најавуваат дека ваквата временска состојба ќе продолжи и во текот на денот, со можни нови врнежи, особено во планинските и западните подрачја.
Не заборавајте: викендов започнува зимското сметање на времето – стрелките на часовниците се поместуваат еден час наназад.
