Необични приказни од „Uber Atlas Germany 2025“: Од рекордни возења до заборавени бизарни предмети

Извештајот на Убер открива корисник со 1.150 возења, бакшиш од 117 евра и низа необични предмети оставени во возилата низ Германија

Корисник на Убер во Берлин кој резервирал 1.150 возења за една година, бакшиш од 117 евра и маса за пиво-понг (beer pong) оставена од патник, се меѓу најинтересните случки детално опишани во „Uber Atlas Germany 2025“ на американската компанија за превоз, објавен денеска.

Извештајот ги анализира податоците од апликацијата Uber меѓу септември 2024 и септември 2025 година, вклучувајќи ги и оценките за возачите и патниците.

Најпријателски настроени патници се во југозападниот град Карлсруе, по што следат Фрајбург и Нирнберг, исто така во јужна Германија.

Возачите во регионот беа исто така оценети најпозитивно, особено во градовите Ландсхут, Хајделберг и Фрајбург, пренесе ДПА.

Сепак, почесто давале бакшиш патниците во северните градови Либек и Росток. Највисокиот износ даден низ целата земја бил 117 евра (136 американски долари).

Патниците во Росток, исто така, најмногу забораваат предмети во возилата, при што мобилните телефони се на прво место меѓу изгубените предмети.

Но, германските корисници на Убер, исто така, оставиле и маса за пиво-понг, електрична четка за заби, пиштол за пирсинг, жилет и порција пржени компири.

Најкратко возење било регистрирано во Минхен, кое траело само 2 минути, додека најдолгото патување од 680 километри било од Хамбург до Амстердам, кое траело повеќе од 8 часа.

Во меѓувреме, профил во Берлин се рангираше на прво место по резервирани возења, односно корисникот повикал Убер 1.150 пати.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни