Анимираниот филм „Неми филмови“ на режисерот Крсте Господиновски освои две нови меѓународни награди, потврдувајќи го континуираниот успех на македонската анимација на светската сцена.
Минатата недела филмот ја доби наградата за „Најдобар интернационален краток филм“ на Меѓународниот фестивал за краток филм Вижн во Кемерово, Русија, како и „Почесно признание“ на Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ во Тајпеј, Тајван.

Овие признанија се втори по ред за филмот во двете земји – по наградата на престижниот Тајчунг Интернационал Анимејшн Фестивал (TIAF) во октомври, и претходната награда во Русија.
Во септември, „Неми филмови“ освои Гранд При награда на Аниматор Фест во Јагодина, како и награда од домашната публика на Меѓународниот фестивал за краток филм Ѕирни во Скопје.
Од премиерата на фестивалот Анеси во јуни оваа година, филмот е прикажан на 28 меѓународни фестивали и досега има освоено вкупно седум награди.
Филмот е во продукција на „Фокус Покус Филм“, во копродукција со „Флипбук Продакшнс“, и е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.
„Неми филмови“ ја продолжува традицијата на македонската школа за анимација со уникатна визуелна поетика, суптилна метафора и современ сензибилитет што го препознаваат публиката и критиката низ светот.
