На 15 ноември во 21:30 часот, во Котур ќе се одржи концерт на NEMANJA + музичка селекција Џано Куч(е).
Nemanja е светски бенд кој свири психоделичен рок и спојува музичари од Пула и Загреб. Нивната музика е инспирирана од афро-колумбиската музика од 70-тите години, турската, тајландската и светската музика. Бендот го предводи Лука Шипетиќ, а нивни албуми се Tarot Funk, Cosmic Disco и Voodoo Beat.
Членови на бендот се Ана Ковачиќ (саксафон и синтисајзер), Лаура Матијашевиќ (бас), Џуро Добраниќ (тапани), Лаура Тандариќ (перкусии и вокал) и Лука Шипетиќ (гитара и вокал).Во моментов бендот го промовира третиот албум, Voodoo Beat, кој претставува ритмична и возбудлива мешавина од афроколумбиски ритми, карипски даб-звуци и тропска егзотика, инспирирана од античкиот мит за Орфеј и Евридика.
Нивната музика црпи инспирација и од филмови како „Орфеј“ (Жан Кокто, 1950 г.) и „Црниот Орфеј“ (Марсел Ками, 1959 г.).