Според официјалните информации, 59 лица сè уште се водат како исчезнати, додека петмина се потврдени како загинати.
Зградата се урнала во понеделникот попладне, во момент кога стотици ученици, главно момчиња, учествувале на молитва во салата на училишниот интернат. До вчера беа извлечени пет преживеани и две тела, од урнатините во објектот кој се наоѓа на околу 30 километри од градот Сурабаја, на источниот дел од островот Јава.
М. Сухарианто, директор на Националната агенција за управување со катастрофи, изјави дека екипите користеле високотехнолошка опрема, вклучувајќи и термални дронови, но не е откриен ниту еден знак на живот.
„Се надеваме дека не сите исчезнати се под урнатините. Имавме случај на мајка која плачеше за својот син, а подоцна го најде жив и здрав“, изјави Сухарианто.
Спасувачките екипи сега преминуваат во следната фаза од потрагата – користење на тешка механизација за отстранување на урнатините, потврди портпаролот на агенцијата, Абдул Мухари.
Во меѓувреме, започната е истрага за причините за уривањето на зградата. Првичните анализи на експерти укажуваат на структурни проблеми и несоодветни градежни стандарди
Извор: N1info.rs