Нема за сите полни сметки и паричници, два хороскопски знаци едвај ќе врзат крај со крај во октомври

Додека некои знаци од Зодијакот уживаат во есенските бои, мирисот на костени и топол чај, други за жал ќе се соочат со финансиски проблеми.

Овој месец некои банкарски сметки ќе достигнат опасно ниско ниво. Ако се препознаете во еден од овие два знака, можеби е време да внимавате на трошењето бидејќи, за жал, октомври нема да ве разгалува финансиски.

Хороскопски знаци кои ќе мора да го бројат секој денар:

Лав

Лавовите се познати по тоа што живеат на висока нога. Додека другите знаци купуваат практични јакни за есен, Лавот ќе избере дизајнерско палто со крзнени детали. За жал, октомври носи студен туш во нивниот финансиски свет. На Лавовите им е тешко да кажат не на луксузот, што значи дека нивното импулсивно трошење, од луксузни вечери до онлајн купување, брзо ќе се натрупа.

Кога Лавот конечно ќе сфати дека неговата банкарска сметка е испразнета, може да биде предоцна. И покрај финансиските проблеми, Лавот сепак ќе се труди да го задржи впечатокот на кралската величественост, дури и ако едвај врзува крај со крај.

Стрелец

Стрелците се љубители на слободата, авантурата и спонтаните одлуки, но слободата, за жал, не е бесплатна. Во октомври овој авантуристички знак ќе почувствува дека финансиската слобода е се потешка.

Патувањата, излегувањата и спонтаноста се основните состојки на животот на еден Стрелец, но токму овие мали „задоволства“ ќе се надополнат и ќе доведат до тоа Стрелецот да брои монети за кафе на крајот од месецот.

Стрелците можат да го започнат октомври со оптимизам, мислејќи дека се некако ќе оди добро, но веќе на средината на месецот ќе сфатат дека не е паметно да се живее во моментот кога кредитните картички се празни. Но, не грижете се, Стрелецот некако ќе најде излез од секоја финансиска авантура, дури и ако е на работ на банкрот.

Додека некои знаци лесно ќе се движат низ финансиските води овој октомври, Лавовите и Стрелците треба да внимаваат на нивното трошење.

Ѕвездите не ги повикуваат да штедат, но можеби е паметно барем малку да се внимава, бидејќи крајот на месецот може да донесе неколку непланирани изненадувања.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни