Нема веќе грицкање семки на стадион во Валенсија

Шпанскиот прволигаш Валенсија ја забрани продажбата на семки грицкање на својот стадион бидејќи фрлените остатоци предизвикуваат стаорци да се собираат на трибините, а соседите во околните згради се жалат на бучавата од машините за чистење.

Посетителите традиционално грицкаат семки за време на натпреварите на фудбалските стадиони.

„Валенсијанци, одговорност на сите нас е да ја одржуваме куќата чиста. За да се исполни таа цел, од 5 август и мечот со Астон Вила како дел од трофејот Тароња, нема да биде дозволено да се фрлаат лушпи од семки на трибините“, објави Валенсија на својата веб-страница.

Во известувањето се наведува дека грицкањето семки предизвикува „здравствени проблеми, ги затнува одводните цевки, доведува до појава на глодари и предизвикува разни проблеми за соседите кои живеат до стадионот“.

Стадионот Местаља во Валенсија има 49.430 седишта и е изграден пред 100 години.

„За да се обезбеди максимална удобност и квалитетен престој на Местаља, оваа сезона нема да се продаваат семки на продажните места во внатрешноста на стадионот“, велат од клубот.

„Доколку носите семки од дома, ве замолуваме лушпите да ги ставите во кеса и потоа да ги фрлите во ѓубре“.

Валенсија смета дека јавниот повик и забраната за продажба на стадионот се доволни за посетителите да ги променат своите навики. Илјадници лушпи од семки беа расфрлани на седиштата и патеките на трибините по натпреварите, како што може да се види на фотографиите од стадионот објавени во шпанските медиуми. Појавата на стаорци и поплаките од соседите за бучавата од машините за чистење се проблем за клубот веќе подолго време.

„Нема да има казна за прекршителите. Веруваме дека е доволен љубезниот повик а за луѓето да се однесуваат цивилизирано“, велат од клубот.

Извор: Index.hr

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни