„Нема секс после бракот“: Дали Роби Вилијамс сепак е во право?

Доколку сте самец кој се подготвува за брак, подгответе се, Роби Вилијамс ќе ви ги наруши соништата за среќен живот со едноставни зборови: „Сите знаат дека нема секс по бракот“. 49-годишникот се отвори за својот безсексуален брак во интервју за The Sun заедно со неговата сопруга, актерката Ајда Филд.

„Немањето секс во бракот е проблем само ако сте на различни страници; ако едниот го сака, а другиото не; ако имате различни очекувања или барања“, рече тој. „Но, навистина, сите знаат дека нема секс по бракот. Едноставно тоа е така“.

Вилијамс откри дека неговиот сексуален нагон се зголемил кога земал тестостерон за третман на ментално здравје, и дека и тој и Ајда „не можеле да ги тргнат рацете еден од друг“. Но, откако го прекинал користењето на лекот – поради неговата историја на зависност – неговото либидо опаднало.

„Меѓутоа, понекогаш Ајда ќе се сврти кон мене на софата и ќе ми каже: „Треба да имаме секс“, а јас седам и јадам мандарина и едноставно кревам раменици, призна тој. Како се чувствува Ајда после тоа?

„Мислам дека луѓето го мешаат сексот со интимност“, објасни таа. „Секогаш се гушкаме и бакнуваме, се држиме за раце и се допираме кога гледаме телевизија или филм.

И покрај нивната очигледна среќа, социјалните мрежи реагираа со неверување на признанието. Всушност, некои заклучија дека Роби Вилијамс не може да е хетеросексуалец. Дури и на Гугл, „Роби Вилијамс геј“ е израз кој се пребарува во моментов.

Сепак, се чини дека неговото признание одговара и на статистиката. Во истражувањето објавено од Cosmopolitan, 60% од оженетите мажи рекле дека имале секс најмалку два до три пати неделно пред да се венчаат, додека 52 отсто од испитаниците, кои веќе се во брак, посакале да имаат почесто секс.

И младите имаат помалку секс.
Според една студија за сексуално однесување, помеѓу 2009 и 2018 година, процентот на адолесценти кои не пријавиле сексуална активност се зголемил од 28,8 отсто на 44,2 отсто кај младите мажи и од 49,5 отсто во 2009 година на 74 отсто меѓу младите жени. Всушност, една друга студија во САД неодамна покажа дека сите форми на сексуална активност се намалени во последната деценија.

Што значи тоа, дали никој веќе нема секс?
Па, да бидеме јасни, речиси сите овие студии се засноваат на хетеросексуални врски – така што луѓето во истополови врски можеби имаат повеќе секс споредено со хетеросексуалните парови.

Зошто се помалку луѓето имаат секс?
Според експертите, кај мажите улога игра понискиот месечен приход кој е поврзан со намалена желба за сексот, бидејќи создава напнатост и стрес. Според истражувањата, женетите се изјасниле дека на нивната сексуална желба влијаат децата, одржување на домот, работа.

Исто како што рекоа Ајда и Роби, луѓето често го мешаат сексот со интимноста, а проблемите во браковите без секс се случуваат само кога двете лица се на различни страни. Така, проблемите се јавуваат само во отсуство на комуникација, а не поради недостаток на секс. Можеби сите сега сфаќаме дека има многу начини да се живее исполнет живот надвор од „тони“ сексуални односи.

Извор: graziadaily.co.uk

Најново

Последни колумни