Агенцијата Ројтерс повикувајќи се на локални медиуми јавува дека сите 242 лица во авионот на „Ер Индија“ загинаа.
Во меѓувреме, повеќе светски лидери, меѓу кои и британскиот крал Чарлс и франускиот претседател Емануел Макрон изразија сочувство за стравичната трагедија.
Тим од американски истражители кои ќе патуваат во Индија за да му помогнат на Бирото за истрага на несреќи со авиони во истрагата за несреќата.
Полицискиот комесар на Ахмедабад, Гјанендра Сингх Малик, изјави за Асошиејтед Прес дека „некои локални жители исто така загинале“ во несреќата.
Сликите од последиците од несреќата покажаа делови од авионот затрупани во станбена зграда додека пожарникарите продолжуваа да се справуваат со чадот. Парчиња од слетувачкиот систем, трупот и опашката на авионот можеа да се видат како штрчат од зградата.