Иако припадничките на понежниот пол се опседнати со градите, мажите не се многу далеку од нив. Тие во многубројни анкети имаат признаено дека најмногу внимание посветуваат на градите и дека тие вежби им се омилени. Меѓутоа, зголемувањето и зацврстувањето на градните мусклули може да биде напорен и долготраен процес, па од клучно значење е да правите квалитетни и правилни вежби кои најдобро ќе ја активираат таа група на мускули.
Факт е дека теретаната е најдобриот начин за да ги зајакнете мускулите на вашите гради, многу ќе кажат дека немаат време, пари, а ниту желба да ја посетат теретаната. Затоа одлучивме да ви го покажеме најдобриот домашен тренинг за гради кои ќе ви помогне да го трансформирате вашето тело.
Крис Хериа е спортист и фитнес тренер кој ќе ви покаже како тој ги прави најважните вежби за градните мускули и колку тие му помагаат во неговата телесна трансформација. Овие вежби се сјајни, бидејќи можете да ги правите во вашиот дом, а исто така нема да имате потреба од никаква дополнителна опрема и се што ви е потребно е вашата телесна тежина.
Извор: e-klinika