Според Холивуд Репортер, извори од Академијата за филмски уметности и науки рекле дека нема планови за откажување на наградите. Се споменуваше и специјален комитет за следење на ситуацијата, составен од познати личности како Том Хенкс, Ема Стоун, Мерил Стрип и Стивен Спилберг, но се чини дека ниту тоа не е вистина.
Според информациите, единственото тело кое одлучува за целата ситуација е 55-члениот одбор на директори, кои според последните информации наводно одлучиле Оскарите да се одржат според планираното, на 2 март. Домаќин на церемонијата треба да биде Конан О’Брајан оваа година.
Комитетот, во кој членуваат четири лица кои ги загубија своите домови во пожарите во Лос Анџелес, донесе одредени одлуки во врска со церемонијата. Покрај одложеното објавување на номинациите, откажан е и собирот на номинирани актери и други од филмската индустрија, а одложено е и доделувањето на Научно-техничките награди. Тие вклучуваат награда за заслуги, награда за наука и инженерство и награда за технолошки достигнувања.
Претходно беа одложени и самите номинации за Оскар, кои требаше да се одржат на 17 јануари. Би-би-си потоа објави дека номинациите ќе бидат објавени на 19-ти јануари. „Нашите мисли и најдлабоко сочувство се со нашите членови и колеги погодени од пожарите во областа на Лос Анџелес“, објави Академијата на Инстаграм.