Во текот на летните месеци кога бараме нешто освежително, најлесно е да внесеме скриени калории во телото за кои не сме ни свесни. Пијалок богат со калории е пивото.
Покрај тоа што содржи калории, пивото има и витамин Б и некои минерали кои се добри за телото. Темните пива може да содржат повеќе антиоксиданси поради поголемото присуство на полифеноли, но содржат и повеќе алкохол и калории.

Според Министерството за земјоделство на САД (USDA), 100 мл стандардно лесно пиво содржи:
Енергија: 43 kcal
Јаглехидрати: 3,55 g
Протеини: 0,46 g
Магнезиум: 6 mg
Фосфор: 13 mg
Калиум: 27 mg.
Колку калории може да содржи една кригла пиво?
Кога пивото се пие во количина од 500 мл, можеме да внесеме околу 220 калории во телото, во зависност од видот на овој популарен пијалок. Имено, темните и посилните пива често содржат повеќе калории поради поголемиот процент на алкохол и дополнителни состојки.
Пиењето пиво може да има одредени здравствени придобивки, но најважната компонента е умереноста. Студија објавена во списанието Nutrients истакнува дека умерената консумација на пиво може да има позитивен ефект врз кардиоваскуларното здравје, вклучително и намалување на ризикот од коронарна срцева болест и подобрување на липидниот профил. Авторите истакнуваат дека заштитниот ефект се однесува првенствено на пиво со ниска содржина на алкохол и на луѓе кои практикуваат здрав начин на живот.
Други истражувања сугерираат дека умерената консумација на пиво може да биде поврзана со помал ризик од развој на дијабетес тип 2 и одредени невродегенеративни заболувања, но потребни се дополнителни, пообемни истражувања за да се потврдат овие наоди.
Значи, ако испиете 1 кригла пиво од 500 мл, тоа е исто како да сте изеле две сарми.