Македонија ја избра својата претставничка за Јуниорската Евровизија 2025, 13-годишната Нела Манческа од Скопје. Со извонреден вокал, силна сценска енергија и богато искуство на меѓународни музички фестивали, Нела ќе настапи на големата евровизиска сцена во Тбилиси, Грузија, на 13 декември.
Нела е позната по детскиот хит „Маалска библиотека“, кој е дел од ТВ серијалот за деца “Дајте музика”.
Подготовките се веќе започнати, а тимот зад Нела работи напорно за настап кој ќе ја прикаже Македонија во најсветло светло. Следуваат повеќе детали за настапот, сценскиот концепт и евровизиските подготовки.