Нела Манческа ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија 2025

13-годишната Нела Манческа од Скопје ќе настапи на Детска Евровизија 2025 во Тбилиси.

Македонија ја избра својата претставничка за Јуниорската Евровизија 2025, 13-годишната Нела Манческа од Скопје. Со извонреден вокал, силна сценска енергија и богато искуство на меѓународни музички фестивали, Нела ќе настапи на големата евровизиска сцена во Тбилиси, Грузија, на 13 декември.

Нела е позната по детскиот хит „Маалска библиотека“, кој е дел од ТВ серијалот за деца “Дајте музика”.

Подготовките се веќе започнати, а тимот зад Нела работи напорно за настап кој ќе ја прикаже Македонија во најсветло светло. Следуваат повеќе детали за настапот, сценскиот концепт и евровизиските подготовки.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни