Покрај заштита од сонце, носење лесна облека и внесување на доволни количества течности, постои и правило за омилениот пијалак на многумина.
„Кафето во текот на летото лесно може да нè излаже“, посочува д-р Иван Горник, „бидејќи доведува до намалена хидратација, но има начин да се пие и во топлите денови“.
Меѓу другото потенцира и дека кафето води до намалена хидратација.
„Можеме да си дозволиме две до три мали шолји или една голема, под услов да додадеме многу вода. Знаеме дека кафето е диуретик, па предизвикува губење течности од телото, а мокрењето предизвикано од кафето може да нè натера да мислиме дека имаме доволно течност, дури и кога немаме“, посочува д-р Горник .
Кога пиете кафе, би било препорачливо да избегнувате кафе со вкусови и различни адитиви, сирупи, шеќери и засладувачи. Најдобра опција би било да пиете домашно кафе или еспресо, без никакви додатоци или шеќер. Внимавајте и да не претерате со количината на кафе што ја консумирате во текот на денот.
Извор: danas.rs