Неколку совети за заштита на телефонската батерија во зима

Паметните телефони не се справуваат најдобро со ниските зимски температури, поради што батеријата се троши побрзо кога времето надвор е студено. Проблемот настанува затоа што хемиските процеси внатре во батеријата се случуваат побавно кога ќе се олади.

Ова е, причината поради која електричните автомобили имаат помал досег кога температурите надвор се ниски. Затоа, неопходно е да се обрне внимание на оваа појава во зима, за да не се оштети батеријата.

За ова се предупредува и во упатството за употреба на телефонот, оние што обично не ги читаме. Така, Apple во брошурата што доаѓа со iPhone наведува дека телефонот е дизајниран за употреба на надворешни температури помеѓу 0 и 35 Целзиусови степени. Ако телефонот се користи надвор од препорачаниот температурен опсег, може да се оштети.

Затоа доколку се користи долго време на ниски температури, телефонот може да доживее колапс при напон, брзо празнење и ненадејно исклучување. Сепак, тоа не значи дека телефонот е расипан, туку само дека треба да се внесе во просторија каде што температурата е повисока од надворешната.

Телефоните исто така не треба да бидат изложени на големи температурни промени или не треба веднаш да се внесуваат во прегреана просторија доколку сте биле надвор на студено подолго време. Ова може да предизвика формирање на кондензација, што може да го оштети телефонот или да доведе до кратки споеви и корозија.

Затоа е најпаметно да го оставите телефонот во ходникот од 30 до 60 минути откако ќе влезете во станот пред да го внесете во дневната или друга просторија.

А ако веќе е формирана кондензација на телефонот, треба да ја избришете со крпа (по можност „магична“ од микрофибер, бидејќи не остава влакненца). Сушењето со фен или грејач треба целосно да се избегнува.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни