Неколку повредени во пукање на универзитетот на Флорида

Блиската болница, Tallahassee Memorial HealthCare, соопшти дека примила шест пациенти, од кои едно лице е во критична состојба, а останатите се во сериозна состојба.

Најмалку шест лица се хоспитализирани во четвртокот, од кои едно е во критична состојба, по пукањето на Државниот универзитет на Флорида. Полицијата приведе осомничен за нападот, јавуваат американските медиуми.

Пукањето се случило околу пладне во зградата на Студентското здружение во универзитетскиот кампус во главниот град на Флорида – Талахаси.

На студентите и вработените на универзитетот им било советувано да се засолнат на безбедно место. Повеќе од 42.000 студенти следат настава во главниот кампус.

Блиската болница, Tallahassee Memorial HealthCare, соопшти дека примила шест пациенти, од кои едно лице е во критична состојба, а останатите се во сериозна состојба.

Набргу по пукањето, полицијата приведе осомничен за нападот, изјавиле два полициски извори за CNN.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни