Неколку мигранти загинаа откако се превртел чамец во Егејското море

Патролен брод на крајбрежната стража на Грција ги извлекла безживотните тела на две жени, маж и девојка од морето

Четворица мигранти, меѓу кои и едно дете, се удавија откако нивниот брод потона во близина на грчкиот остров Лезбос во Егејското Море, недалеку од брегот на Турција, соопшти денес грчката крајбрежна стража.

Патролен брод на крајбрежната стража ги извлече телата на две жени, маж и девојка од морето, а полупотопен чамец беше пронајден во близина на карпестиот дел од брегот на Лезбос.

Триесет и четири лица успеале да стигнат до брегот, каде што биле пронајдени од полицијата.

Пребарувањето и спасувањето на копно и море беа прекинати откако мигрантите им кажаа на властите дека во чамецот има 38 лица и дека никој не е исчезнат.

Властите не дадоа информации за националноста на мигрантите.

Грција е една од главните влезни точки во Европската Унија за луѓето што бегаат од војна и сиромаштија на Блискиот Исток, Африка и Азија. Многумина одлучуваат да направат кратко, но опасно платено нелегално патување од турскиот брег до блиските грчки острови во гумени или други мали чамци, претежно непогодни за море, и многумина се дават.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни