Француските медиуми „Монд“ (Le Monde), БФМТВ и сајтот „Уест Франс“ (Ouest France) повторно беа мета на кибернапад со лажни видеа за наводните откритија за работата на некои француски министри, објави денеска новинската Агенција Франс прес, додавајќи дека ова е најнова илустрација на проруско дигитално мешање.
Кампањата со дезинформации беше идентификувана од колективот „Антибот4Навални“ (Antibot4Navalny), што ги следи таквите операции поврзани со Русија.
Кампањата користи манипулативна содржина, лажно припишана на вистински медиуми, а потоа пренесена на социјалните мрежи преку неодамна креирани „еднократни“ профили, често автоматизирани и со малку следбеници.
Во најновата серија лажни видео-снимки употребена е графика на неколку француски медиуми.
Неименуван владин извор истакна дека новиот бран видео-снимки е дек д проруската дезинформативна кампања „Матрјошка“, што е активна од 2023 година.