Некои од највпечатливите „аутфити“ на „САГ“ наградите

Американската актерка Даниеле Дедвајлер го облече еден од највпечатливите фустани на синоќешното доделување на наградите на „Здружението на глумци – Американска федерација на телевизиски и радио-уметници (САГ-АФТРА)“. Токму таа црвена тоалета од „Луј Витон“ поттикна дискусии на интернет за тоа како всушност може да седи во такво парче облека, објави „Холивуд репортер“ (The Hollywood Reporter).

Дедвајлер беше номинирана за најдобра споредна женска улога, за ликот на Бернис во „Лесот по пијано“. Во категорија победи Зои Салдања, но на „црвениот тепих“, новинарите ја прашале Даниеле дали може да седне во фустан, а таа им одговорила: „Не, вие стојте.“ 

Изгледот таа го комплетираше со дијамантски обетки и соодветна нараквица. На стапалата, пак, носеше потпетици-салонки во иста боја како и нејзиниот фустан.

https://twitter.com/THR/status/1893810891138699505?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1893810891138699505%7Ctwgr%5Eaebf963bf87d1f5ae8e329e9b2aac740aad87e29%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmia.mk%2Fstory%2FD0BDD0B5D0BAD0BED0B8-D0BED0B4-D0BDD0B0D198D0B2D0BFD0B5D187D0B0D182D0BBD0B8D0B2D0B8D182D0B5-D182D0BED0B0D0BBD0B5D182D0B8-D0BDD0B0-D181D0B0D0B3-D0BDD0B0D0B3D180D0B0D0B4D0B8D182D0B5

Деми Мур, исто така, го истакна своето чувство за мода и стил. Имено, таа ја прими наградата за најдобра актерка, за филмот „Субстанција“ (The Substance) – облечена во фустан од „Ботега Венета“ (Bottega Veneta).

И глумицата Кристен Бел, која овојпат ја имаше улогата на водителка на свечениот настан, беше ѕвезда на вечерта на овогодишното доделување на „САГ“ наградите, не само со својот музичко-филмски настап на сцената којшто многумина веќе го опишуваат како „најдобрата концептуална изведба досега“, туку и поради овој костим.

@netflix

Kristen Bell channels Frozen to ask the SAG Awards one important question: Do You Want To Be An Actor #SAGAwards

♬ original sound – Netflix

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни