Некогаш беше олимписки спорт: Работи што (не) сте ги знаеле за архитектурата

Почетоците на градењето датираат од многу одамна, од кога постои и самиот човек. Со текот на времето, човечката потреба за градење се менувала па така дошло време и за вистински развој на архитектонска професија.

Архитектурата некогаш била олимписки спорт
Во текот на првите четири децении од модерните Олимписки игри, доделени се 151 медали за музика, сликарство, скулптура, литература и архитектура. Освен тоа, основачите на меѓународниот олимписки комитет, сметале дека уметноста е суштински дел од натпреварувањето. Единствениот критериум кој требало да се исполни бил сите овие категории споменати погоре да бидат поврзани на некој начин со спортот.

Првиот облакодер во светот
Зградата на „Home insurance“, изградена во Чикаго во 1885 година, се смета за првиот вистински облакодер во светот. Во исто време, тој бил и првиот облакодер со челична конструкција. Висок 42 метри и распослан на 10 ката. Сепак, дури и да одите во Чикаго, овој облакодер нема да го видите денес, бидејќи бил срушен во далечната 1931 година.

Најбрзиот лифт во светот
Според најновите податоци, најбрзиот лифт во светот се наоѓа во Шангајската кула во Кина. Тој оди со неверојатна брзина од околу 70 километри на час. Споредете го тоа со брзината на првиот лифт, поставен уште во 1857 година, чија просечна брзина била околу 0,7 километри на час.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни