Во 19 век автомобилските гуми беа полни, а сега се исполнети со воздух. Пред сто години, пневматиците биле бели. Денес скоро сите гуми кои ги гледаме на автомобилите се потполно црни.
Природната гума, една од главните состојки на пневматиците, е бел млечен латекс. Првите масовно произведени гуми за автомобили, мотоцикли и велосипеди биле бели, но како такви не се задржале многу на пазарот.
Денес во процесот на производство се користат повеќе од 200 состојки за да се добие секоја една гума. Рафинирани саѓи, нуспроизводи од нецелосно согорени масла и нафта се едни од клучните материјали. Според експертите ваквиот состав на пневматиците го гарантира долгиот век на употреба, но и овозможуваат поголема стабилност и безбедност на самото возило.
„Без саѓи, гумите не би издржале ни 5.000 километри“, тврди Џек Л. Коениг во книгата „Полимерна спектроскопија“. Посочува дека тоа е состојката што ги прави и гумите црни.
Тој истакнува и дека саѓите придонесуваат за зголемување не само на издржливоста на пневматиците туку со тоа тие можат да се движат со поголема брзина без никаков проблем.
„Гумите кои содржат саѓи го подобруваат управувањето на возилото, неговата стабилност, запирање, а со тоа ја намалуваат и потрошувачката на гориво“, објаснува Коениг.
Меѓу другото посочува дека денешните пневматици имаат улога и на неутрализатори на електрицитетот, бидејќи денешните автомобили имаа цели електронски системи.
Во минатото, автомобилските гуми освен во црна ги имало и во други бои, но луѓето ретко ги купувале. Портокаловите, сините, жолтите и зелените гуми работеле подеднакво добро како и црните, а ги исполнувале и сите американски стандарди за безбедност на патиштата и перформанси. Но, тие никогаш не станале популарни.
И денес на пазарот можат да се најдат бели гуми. Најчесто се користат за да се добие автентичност при реставрација на класичните и колекционерските возила.
Извор: nodum.org