Eкспертите реагираат

„Некој треба да биде отпуштен и тужен“: Како тимот на Трамп го изложи на ризик системот за националната безбедност на САД?

Според пишувањето на Атлантик (The Atlantic), советникот за национална безбедност Мајк Волц на почетокот на овој месец направил група на Signal со високи официјални лица на САД, вклучувајќи го потпретседателот Џеј Ди Венса, министерот за одбрана Пит Хегсет и секретарот за државата Марко Рубио, за да дискутираат за нападите на Хути милитанти во Јемен кои се заканувале на меѓународната пловидба во Црвеното море. Волц случајно го додал главниот уредник на The Atlantic, Џефри Голдберг, во оваа комуникација.

Заменик министрите на САД биле шокирани од сознанието дека високи членови на Кабинетот на претседателот Доналд Трамп испратиле детални оперативни планови и други веројатно високо класифицирани информации за американските воени напади врз Јемен во група на апликацијата Signal, во која случајно бил додаден новинарот од The Atlantic.

Администрацијата на Трамп призна дека пораките, испратени преку апликацијата Signal, која не е поврзана со владините системи, изгледаат автентично, пишува CNN, но не даде објаснување зашто високи официјални лица дискутирале за информации поврзани со националната одбрана надвор од одобрени класифицирани владини системи.


Набргу по скандалот, високите официјални лица се повлекоа зад сцената за да ја преиспитаат употребата на апликацијата Signal, поради загриженост дека официјални лица на Трамповата администрација премногу се потпираат на оваа апликација за обавување на осетливи владини задачи, што претставува потенцијален сериозен ризик за националната безбедност на САД, изјавиле сегашни и поранешни официјални лица.

Штом е објавена, оваа сторија брзо беше споделена во повеќе текстуални пораки низ администрацијата на Трамп, а официјални лица реагирале со неверување, наведуваат изворите на CNN. Повеќе официјални лица од администрацијата изјавиле за CNN дека биле шокирани, а најмалку двајца од нив предвидувале дека ова може да доведе до смена на некој од нивните колеги.

Официјални лица за национална безбедност изразиле длабоко разочарување, нагласувајќи дека водењето на вакви осетливи разговори на не-класифицирана платформа ризикува откривање на тие информации од страна на странски хакери и дека секој друг вработен кој би го направил тоа, веројатно би бил веднаш отпуштен и најверојатно тужен.

Според пишувањето на Атлантик (The Atlantic), советникот за национална безбедност Мајк Волц на почетокот на овој месец направил група на Signal со високи официјални лица на САД, вклучувајќи го потпретседателот Џеј Ди Венса, министерот за одбрана Пит Хегсет и секретарот за државата Марко Рубио, за да дискутираат за нападите на Хути милитанти во Јемен кои се заканувале на меѓународната пловидба во Црвеното море.

Волц случајно го додал главниот уредник на The Atlantic, Џефри Голдберг, во оваа комуникација.

Пораките започнале со дискусија за тоа кога нападите треба да се извршат, а Голдберг ја следел ситуацијата. Нападите биле извршени, а главните официјални лица си честитале за добро извршената работа по кратката дискусија по акцијата, пред Голдберг да се исклучи од групата.

Хегсет кој, пишува The Atlantic, испратил „оперативни детали за предстоечите напади врз Јемен“ во текот на конверзацијата, демантирал во понеделникот навечер дека се дискутирало за воените планови преку текстуални пораки, иако претходно Трампова администрација признала дека пораките изгледаат автентично.

„Никој не испраќал воени планови преку пораки и тоа е се што имам да кажам за тоа“, рекол Хегсет на новинарите кога го прашале зошто тие детали случајно биле поделени со Голдберг, откако пристигнал во база Perl Harbor-Hikam на Хаваите.

Министерот за одбрана исто така го критикувал новинарот, кого го опишал како „лукав и високо дискредитиран“.

Signal е апликација за шифрирана размена на пораки која е популарна низ светот, вклучувајќи и меѓу новинарите и владините официјални лица. Официјални лица од администрацијата на Бајден исто така редовно ја користат за логистичко планирање на состаноци и понекогаш за комуникација со странски колеги.

Меѓутоа, користењето на Signal за дискусија за планирање на воени операции – кои се меѓу најстрого чуваните тајни на САД делумно поради потенцијалното влијание на животите на американските војници – претставува шокантен ризик за националната безбедност, рекле сегашни и поранешни официјални лица за CNN.

Повеќе официјални лица изјавиле дека не се сеќаваат на ниеден случај каде Signal се користел за комуникација за класифицирани информации или воена операција.

Највисоките официјални лица во групниот чет имаат пристап до класифицирани комуникациски системи – вклучувајќи сигурни линии во нивните возила, според зборовите на еден поранешен висок официјален претставник – и имаат персонал кој е задолжен да обезбеди безбедност на комуникациите за осетливи информации.

„Тие ги прекршиле сите процедури познати на човекот во врска со заштита на оперативните материјали пред воен удар“, рекол поранешен висок официјален претставник на разузнавачките служби.

„Дојде е до тотален слом на безбедноста во врска со воената операција.“

„Не“, рекол вториот официјален претставник, категорично, кога го прашале дали имало слична употреба на оваа апликација за време на администрацијата на Бајден.

Дури и кога портпаролката на Трамповата администрација Каролин Левит изјавила вчера дека претседателот „има најголемо доверба во својот тим за национална безбедност, вклучувајќи го советникот за национална безбедност Мајк Волц“, чувството на загриженост било очигледно во Западното крило и низ клучните агенции, бидејќи се појавија прашања дали треба да се воведат нови насоки или правила за внатрешни комуникации.

„Сите се на Signal, цел ден и ноќ“, рекол еден официјален претставник за CNN, говорејќи под услов на анонимност за да дискутира за внатрешните размислувања во Западното крило. „Тоа мора да се менува“.

Засега, Трамп не дал назнака дека планира да смени некого заради ова. Изразил изненадување кога го прашале за ова, велејќи на новинарите во понеделникот попладне: „Не знам ништо за тоа. Не сум голем обожавател на The Atlantic. Тоа е за мене е списание кое ќе исчезне. Мислам дека не е многу добро списание. Но ништо не знам за тоа“.

Меѓутоа, неколку официјални лица на Трампова администрација напоменале дека не само што овој потег бил виден како голема грешка, туку и тоа што Трамп лично има презир кон Голдберг, што дополнително ја влошило ситуацијата.

Кога претседателот бил информиран за приказната на The Atlantic во понеделникот попладне, изразил својот презир кон новинарот, рекле два извора запознаени со извештајот.

„Не можеше да избереш полоша личност од Голдберг да го додадеш во четот“, рекол еден близок на Трамп.

Под нормални околности, грешка како оваа би предизвикала истрага од страна на FBI и Националната безбедносна дивизија на Министерството за правда, велат поранешни официјални лица на Министерството за правда. Тешко е да се очекува тоа во овој случај, делумно затоа што токму некои од највисоките официјални лица на Трампова администрација во Signal четот биле тие кои би требало да побараат таква истрага.

„Да беше некој друг тоа направил, нема сомнение дека би имало истрага“, рекол поранешен официјален претставник на Министерството за правда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни