Нејмар се враќа во Европа?

По повредите и враќањето во Сантос, Бразилецот повторно се најде во фокусот на големите европски клубови.

Според британските медиуми, името на Нејмар повторно се поврзува со Манчестер Јунајтед. Останува меѓу најголемите прашања дали 33-годишниот бразилски ас, кој во февруари ќе наполни 34 години, може физички да одговори на ригорозните услови и темпото на Премиер лигата по големиот број повреди што го следеа последните сезони.

Најдобриот стрелец во историјата на бразилската репрезентација, со 79 голови на 128 настапи, моментално игра за својот матичен клуб Сантoс. И покрај болките и предупредувањата од лекарите, Нејмар упорно се обидува да помогне во борбата за опстанок на клубот.

Во Бразил се врати во јануари, откако го раскина договорот со Ал-Хилал и помина долга рехабилитација по тешка повреда на лигаментите на коленото. Пред тоа настапуваше за ПСЖ и Барселона, клубови во кои остави длабока трага, но последните години неговата кариера беше значително попречена од повредите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни