Навивачите на Макаби наместо да учествуваат во едноминутниот молк за жртвите во Шпанија, пееја песни

NOAM GALAI

Навивачите на израелски Макаби од Тел Авив не го испочитуваа едноминутниот молк во спомен на повеќе од 200 загинати граѓани во поплавите во Шпанија, туку пееја песни и фрлаа петарди пред фудбалскиот натпревар со Ајакс изминатата вечер, јавија шпанските медиуми.


„Навивачите на Макаби пред натпреварот против Ајакс не го испочитуваа едноминутниот молк во спомен на жртвите од катастрофалното невреме што ја зафати Шпанија. Израелските навивачи скандираа и фрлаа петарди“, напиша весникот Марка.


И весникот АС, објави дека „Ултрасите на Макаби го саботирале едноминутното молчење во спомен на загинатите во Валенсија“.


Најмалку 219 лица загинаа во југоисточна Шпанија, а за по 80 лица сè уште се трага, по поројните дождови што поплавија многу населени места во овој дел на земјата.

Натпреварите од европските купови оваа недела започнаа со едноминутно молчење во спомен на жртвите од најтешката природна катастрофа која ја погоди Шпанија во последните децении. Сочувство изразија бројни спортисти, а некои натпревари од шпанското првенство беа одложени поради последиците.

Ајакс го победи Макаби со 5-0 во натпреварот од Лига Европа. Пред натпреварот, навивачите на Макаби скандираа погрдни пораки против Палестина низ улиците на Амстердам и го тргнаа палестинското знаме од прозорецот на една зграда, како што може да се види на видеата објавени во шпанските медиуми.
Шпанија, Словенија, Ирска и Норвешка оваа година ја признаа независноста на Палестина во границите од 1967 година и го повикаа Израел да ја повлече својата војска од окупираните територии.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни