Неидентификувани дронови над најголемата воена база во Данска

Во воената база надлетувана со дронови, сместени се и ловците од американско производство „Ф-16“ и „Ф-35“.
Фото: Хелсинг

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над „Карул“ најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.

– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.

Инаку во воената база надлетувана со дронови, сместени се и ловците од американско производство „Ф-16“ и „Ф-35“.

Ова е само продолжение на бранот инциденти со беспилотни летала што ја тресат Данска во последните денови. Воздухоплови беа видени над Алборг, Билунд, Есбјерг, Сендерборг и воената база Шкридструп, а претходно аеродромот во Копенхаген и пет други помали аеродроми беа затворени поради беспилотни летала.

Некои цивилни летови мораа да бидат пренасочени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни