Неготино категорично се спротистави на изградбата на фабрика за декомпозиција на пластичен отпад во близина на градот

Општина Неготино категорично се спротивставува на изградбата на инсталација за термичка декомпозиција на пластика и пластичен отпад, според најавите на локалните власти. Градоначалникот Горан Стојанов јасно го изрази ставот на општината дека нема да поддржи вакви проекти, кои, според него, претставуваат потенцијална закана за животната средина и здравјето на граѓаните.

„Општината ќе даде негативно мислење во врска со намерата на инвеститорот,“ рече Стојанов.

Локалното еколошко здружение „Ековита“ од Неготино, исто така, остро реагира против реализацијата на ваков проект. Според нив, планот предвидува изградба на инсталација со капацитет од 35 тони дневно во село Тремник, во објект што наводно треба да биде преместен од друг дел на земјата. Членовите на здружението посочуваат дека регионот на Неготино е познат по своето производство на грозје и вино, и дека ваков капацитет би го загрозил развојот на винскиот туризам.

Екологистите, заедно со локалните жители, ги потсетуваат властите на „зелениот договор“ потпишан пред локалните избори, со кој се обврзаа да не дозволат изградба на загадувачки индустрии во општината.

„Нема да дозволиме ваков вид индустрии во нашиот регион,“ е пораката што ја упатија од здружението.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни