Резултатот на жената посетител на скопската Зоолошка градина, што вчера е тестирана за птичји грип, е негативна, изјави Марија Андоновска, директорката на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Таа посочи дека нема пријавено друго лице за тестирање. Таа посочи дека се тестирани и двајца вработени во Зоолошката, но штом нивните резултати се негативни, додаде дека нема опасност за посетителите.
Пред два дена, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) преку соопштение информира дека во Зоолошката градина во Скопје е утврдено присуство на птичји грип кај угината птица. Како што додадоа оттаму, бил спроведен надзор во Зоолошката и било извршено хумано убивање на неколку видови птици.
Зоолошката градина е затворена во наредните 20 дена.