Неделен ноќен концерт на Марко Виденовиќ и „Квинтето“ во Битола

Неделен ноќен концерт на Марко Виденовиќ со неговата музичка формација „Квинтето“ ќе се одржи на мало плато на Офицерскиот дома со почеток од 22.00 часот.

Музичко разладување со извонредните музичари и звуците на нивните инструменти на Игор Бакревски на кларинет, Владимир Лазаревски на обоа ,Кристијан Кожумановски на бас гитара, Благоја Антовски на тапани и Марко Виденовиќ на виола, клавијатури и композитор

Музиката која ја негува „Квинтето“ е спој на повеќе правци како што се етно, џез … а на моменти и класична музика. Самиот спој на инструментите, вкрстувањето на обоата и виолата, како најчесто застапени во класиката, со бас гитарата и тапаните почесто застапени во популарните жанрови и кларинетот кој е посебна приказна помеѓу сите нив, се создава една интересна мешавина од музички бои, што го прават „Квинтето“ необичен.

Концертот е поддржан од Општина Битола.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни