Неделата на франкофонски филм во Скопје се одложува поради трагедијата во Кочани

Францускиот институт во Скопје известува дека Неделата на франкофонски филм, предвидена да започне оваа недела, се одложува поради трагичниот настан во Кочани.

За новите датуми на одржување на манифестацијата дополнително ќе информираат.


„Францускиот институт во Скопје и целиот негов тим изразуваат длабока тага поради трагедијата што се слуќи ноќта помеѓу сабота и недела во Кочани. Во знак на почит, покрај Неделата на франкофонски филм, сите останати настани предвидени за оваа недела се одложуваат“, се наведува во соопштението на Францускиот институт во Скопје. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни