Недела на Полски филм во Кинотека

Програмата вклучува остварувања од врвни автори на полската филмска уметност како што се Кшиштоф Кишловски и Агњешка Холанд, како и нови, провокативни гласови како Агњешка Смочинска и Куба Микурда.

По повод полското претседателство со Советот на Европската Унија, од 12–17 мај 2025 Кинотека на Македонија ја најавува програмата „Недела на полски филм“ – избор на значајни филмски остварувања од полската кинематографија.

Програмата вклучува остварувања од врвни автори на полската филмска уметност како што се Кшиштоф Кишловски и Агњешка Холанд, како и нови, провокативни гласови како Агњешка Смочинска и Куба Микурда.

Во текот на шест вечери ќе можете да уживате во силни, емотивни и интелектуално предизвикувачки филмови кои ја прикажуваат полската реалност низ различни призми – од индивидуалната судбина до општествените предизвици.

Програмата започнува на 12 мај (понеделник) во 20:00 часот со проекцијата на поетскиот есеј СОЛАРИС, ЉУБОВ МОЈА. А во текот на неделата ќе бидат прикажани и филмовите СЛЕПА ШАНСА, ОСАМЕНА ЖЕНА, АКТЕРИ ОД ПРОВИНЦИЈА, ЗЕЛЕНАТА ГРАНИЦА и ЈАДИЦА.

Програмата е реализирана во соработка со Институтот „Адам Мицкевич“ како дел од меѓународната културна програма на Полското претседателство со Советот на Европската Унија 2025.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни