Недела на франкофонскиот филм во Кинотека

Настанот ќе го отворат: Н.Е.Г. Пол Ламбер, Амбасадор на Белгија во Софија и Н.Е.Г Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција

Денес, 30 март, со почеток во 20 часот, во Кинотека Амбасадата на Белгија во Софија, Амбасадата на Франција , Францускиот институт во Скопје и Кинотека ќе ја отворат  Неделата на франкофонскиот филм со белгискиот филм: „Склоност кон пораз“ (2025, 86 мин.) на Лени и Арпо Гит, со Марија Кавалје-Базан, Аксел Перeн, Катрин Рeнже и Микаел Зендел

Настанот ќе го отворат: Н.Е.Г. Пол Ламбер, Амбасадор на Белгија во Софија и Н.Е.Г Кристоф Ле Риголер, Амбасадор на Франција

Филмот ја раскажува приказната за невработената и „во долгови до гуша“, 26-годишната Арманд Пижон која одвај преживува во Брисел. Згора на тоа, се коцка и не се двоуми кога треба да ризикува — за Арманд секој облог вреди. Секој освен еден, оној на кој сè уште не се осмелува: облогот на љубовта.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни