Во Битола од 6 до 8 април ќе се одржи „Недела на франкофонски филм“, филмска ревија што ќе ја отвори Амбасадата на Швајцарија со проекција на филмот „Тивок бунт“ (À bras-le-corps) во режија на Мари-Елса Сгуалдо. Свеченото отворање е закажано за 6 април во 20 часот во малата сала на НУ Центар за култура Битола, а ревијата официјално ќе ја отвори Михал Харари, заменик-шеф на мисијата во Амбасадата на Швајцарија.
„Недела на франкофонски филм“ ја организираат Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција, во соработка со амбасадите на Белгија, Грција, Швајцарија, Франција, Канада, Албанија и Романија, како и со НУ Центар за култура Битола, НУ Кинотека, почесниот конзул Калиопа Кривашија Стилиновиќ и Француската алијанса Битола.
Вториот ден од програмата, на 7 април во 20 часот, ќе биде прикажан филмот „Кога доматите се сретнаа со Вагнер“ во режија на Мариана Економy, во организација на Амбасадата на Грција.
Затворањето на ревијата е предвидено за 8 април во 20 часот со проекција на филмот „Марија, кралицата на Романија“ (Maria, Queen of Romania / Coeur de la Roumanie) во режија на Тревор Путс, во организација на Амбасадата на Романија.
Со оваа програма, Битола и годинава ќе биде дел од одбележувањето на франкофонската култура преку филм, во соработка со повеќе меѓународни партнери и локални културни институции.