,,Недела на Бах“, ќе се одржи на различни локации во Скопје од денес до 7 декември.
Во соработка со германската амбасада и поддржано од Министерството за култура и туризам, ќе се одржат концерт, музички работилници за деца и предавања, кои од различни аспекти ќе ни ја претстават музиката, филозофијата, животот, на најголемиот композитор на сите времиња, Ј.С. Бах.
Централниот настан на „Недела на Бах“ е концертот на „волшебникот на пијаното“, Дино Имери, со наслов „Кодот на Бах“, којшто ќе се случи на 4 декември во Културно-информативниот центар (Салон 19,19).