Небојша Слијепчевиќ е хрватски филмски режисер и сценарист кој преку своите кратки и документарни филмови отвора теми што ретко добиваат глас. Роден во Загреб во 1973 година, дипломирал филмска режија на Академијата за драмска уметност и со својата професионална интегритет и уметничка зрелост успеа да се пробие на светската сцена.
Неговиот краток игран филм „Човекот што не можеше да остане нем“ освои Златна палма на Канскиот филмски фестивал и беше хрватски кандидат за Оскар – со што не само што ја афирмираше важноста на кратката форма, туку и покажа дека емотивната прецизност и општествената ангажираност можат да коегзистираат со уметничка моќ.

Во овој разговор, тој зборува за личната мотивација, уметничкиот процес и моралната одговорност што режисерот ја има кон јавноста – и ја отвора дилемата што ги засега сите нас: Како реагираме кога сме сведоци на неправда, а не сме директно засегнати?
„Не сум тука да забавувам луѓе, туку да создавам приказни кои им се потребни на ова општество,“ вели режисерот во интервјуто, потврдувајќи дека неговиот фокус останува на теми кои ги тишат општествата, но во неговите раце добиваат глас.
Трн: Како настана идејата за филмот „Човекот кој не можеше да молчи“? Која беше почетната искра и што ве поттикна да ја раскажете токму оваа приказна?
Небојша: Преди пет години продуцентот Данијел Пек ми испрати текст од Борис Дежуловиќ за Тома Бузову, со предлог да направиме филм за тој настан. Тогаш првпат слушнав за тој страшен случај. Во таа ситуација препознав нешто универзално и надвременско.
За мене, ситуацијата прикажана во филмот не се случи пред триесет години, туку се случува во различни форми секојдневно и денес. Сите ние понекогаш сведочиме насилство врз некоја малцинство на која не припаѓаме. Како ќе се поставиме во таа ситуација? Тоа е основното цивилизациско прашање, пред кое се наоѓа херојот на овој филм, а се надевам дека по гледањето на филмот и гледачите ќе се запрашаат.
Трн: Во едно интервју изјавивте: „Не сум тука да забавувам луѓе, туку да создавам приказни кои им се потребни на ова општество. Мојата задача е да се занимавам со сериозни теми на начин кој не е заморен, кој е комуникативен и поттикнува разговор.“
Што лично за вас значи „не молчи“ во денешното општество? Дали е тоа чин на отпор, одговорност или нешто подлабоко?

Небојша Слијепчевиќ/ EPA/SEBASTIEN NOGIER
Небојша: Кога неколку стотици луѓе се соберат во кино сала, тие колективно секогаш се поумни од режисерот. Исклучително ја почитувам публиката и сметам дека треба да ѝ се понудат сериозни филмови кои обработуваат сериозни теми. Исто така, на публиката не ѝ требаат предавања, туку да ѝ се даде некое искуство кое отвора простор за размислување. Сакам публиката да си замине дома со чувство дека не го потрошила залудно времето.
Има уште нешто: јас работам филмови со јавни пари, пари од даночните обврзници. Моја должност е тие пари да ги потрошам одговорно, занимавајќи се со теми кои се важни за нашето општество. А секогаш најважно е она што предизвикува одреден непријатен чувство, она за што не е лесно да се разговара. Во тоа нема некоја голема мудрост или храброст. Мене ми е чудно и неразбирливо кога луѓето молчат или снимаат филмови за небитни теми.

Трн: Колку е тешко да се раскаже силна, емотивна и комплексна приказна во формат на краток филм? Дали кратката форма ве ограничува или напротив ве поттикнува на поголема прецизност и изразност?
Небојша: Краткиот филм е потежок формат од долгиот. Во долгиот филм од почеток имаш околу петнаесет минути кредит кај гледачот, затоа што ако веќе купил билет за кино, ќе остане барем додека јаде кокички. Во краткиот филм немаш ниту една секунда, секој кадар е пресуден. Тоа ми беше предизвик отсекогаш, отсекогаш сакав да направам добар краток филм. Ми требаа повеќе од дваесет години за да успеам.
Трн: Филмот освои награда во Кан и беше номиниран за Оскар. Како лично и професионално го доживеавте тој успех? И колку е тешко филм од овие простори да се пробие и добие признание на европската и светската филмска сцена?

Nebojsa Slijepcevic/ EPA/MICHAEL BUHOLZER
Небојша: Многу се обрнува внимание на наградите и успесите, како да не вредиш ако не добиеш парче злато… мене ми се случи да добијам Златна палма, и одеднаш непознати луѓе ме препознаваат на улица. Тој дел многу ме уморува. Но она што ме радува е дека мојот филм, а се надевам и други домашни филмови, сега ќе ги гледаат луѓе кои инаку не би ги гледале. Исто така, благодарение на тие награди, ќе ми биде полесно да направам следен филм, бидејќи ќе можам да обезбедам поголеми финансиски средства.
За меѓународен успех треба многу работа и среќа. Без разлика од каде доаѓаш. Но мислам дека домашните режисери треба да се концентрираат на домашната публика. Додека снимав овој филм, размислував само за премиерите во Загреб, Сараево и Белград, а не за Кан и Лос Анџелес.
Трн: Кои реакции на публиката ви останаа посебно врежани во сеќавање? И што би сакале гледачите да понесат со себе по гледањето на филмот – емоција, прашање, став?

Небојша: Со филмовите се обидувам да им дадам на публиката едно интензивно емотивно искуство, тоа е сè. Реакциите беа различни. Особено ми остана врежана реакцијата на една млада либанска режисерка која го гледаше филмот на фестивал во Швајцарија додека Израел ја бомбардираше градот каде беше нејзиното семејство. Таа силно се идентификуваше со темата на филмот и реагираше многу емотивно.
Трн: Дали веќе работите на нов филм и дали вашиот следен проект ќе биде посветен на општествено важна тема, како што беше случај со филмот „Човекот кој не можеше да молчи“?
Небојша: Работам на долгометражен игрален филм, адаптација на романот на Кристијан Новак „Црна мајка земја“. Тој роман се занимава со надминување на детските трауми во возрасна доба. Таа, на прв поглед интимна тема, е всушност општествено релевантна.
Трн: Филмот ќе биде прикажан на годинашното издание на фестивалот за краток филм Drim Short во Струга. Колку лично ви значат вакви фестивали, особено поради публиката која може длабоко да се поврзе со приказната и темата која ја обработувате?
Небојша: Филмовите се прават за публиката, а единствениот начин краткиот филм да стигне до гледачот е преку филмските фестивали. Благодарен сум на сите организатори на филмски фестивали што го прават тој важен работен што без него нашиот труд нема смисла.