Небото над Дубаи повторно се отвора за летови по утринските експлозии

Emirates повторно ги активира летовите до и од Дубаи по краткиот прекин на сообраќајот. Утринава во градот беа слушнати експлозии.

Авиокомпанијата Emirates соопшти дека повторно ги воспоставува летовите до и од Дубаи, по краткотрајната обустава што беше воведена рано утринава.

Во ново соопштение објавено на платформата X, националниот авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати информираше дека патниците со потврдени резервации за попладневните летови можат да се упатат кон аеродромот, вклучително и оние што патуваат во транзит преку Дубаи.

Од компанијата додаваат дека внимателно ја следат безбедносната ситуација во регионот и дека оперативниот распоред на летови ќе биде прилагодуван доколку тоа биде потребно.

Според британскиот весник „Гардијан“, утринава во Дубаи биле слушнати две експлозии, во момент кога Иран продолжува со одмазднички напади врз земјите од Персискиот Залив каде што се наоѓаат американски воени бази.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни