Неажуриран мобилен – лесна мета: скриените ризици што ги игнорираме

Милиони паметни телефони користат застарен софтвер и стануваат ранливи на напади. Недостатокот од ажурирања го зголемува ризикот од злоупотреба на лични податоци. Експертите предупредуваат дека ова е реална закана за секој корисник.
Foto: Unsplash

Користењето мобилен телефон без редовни софтверски ажурирања претставува сериозен безбедносен ризик. Според анализи, голем дел од уредите работат со застарени верзии на оперативни системи, што ги прави лесна цел за сајбер напади.

Главниот проблем се безбедносните пропусти. Со секое ажурирање се затвораат бројни слабости во системот, а кога тие не се инсталираат, уредот останува изложен. Особено загрижувачки се пропустите кои веќе се користат од напаѓачите.

Најризични се ранливостите во основата на системот, каде што напаѓачот може да добие целосна контрола врз уредот. Во такви случаи, корисникот често не е ни свесен дека неговиот телефон е компромитиран.

Покрај безбедносните проблеми, застарениот софтвер влијае и врз функционалноста. Одредени апликации, особено банкарските, може да престанат да работат поради безбедносни ограничувања.

Дополнително, ваквите уреди можат да бидат искористени како дел од поголеми сајбер напади, без знаење на сопственикот.

Редовното ажурирање останува наједноставната и најефикасна заштита.неажурирани мобилни

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни