Не заборавајте вечерва да ги поместите стрелките на часовникот

Вечерва после полноќ започнува зимското сметање на времето. Со поместување на часовникот за еден час наназад, од 27-ми октомври почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3 часот ќе се смета како 2 часот.
Фото: Michael Garnett/Flickr

Промената на часовниците се прави секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, од кога почнува летното сметање на времето.

Експертите од британската асоцијација специјализирана за проблеми со спиењето, Британското друштво за спиење, повикаа на укинување на движењето на стрелките на часовникот двапати годишно, односно летното сметање на времето. Ова барање произлегува од негативните ефекти кои менувањето на часовникот ги има врз квалитетот на сонот и здравјето воопшто, а оваа дебата се вкорени и во другите европски земји.

„Пресметувањето на летното сметање на времето во зима има негативни ефекти врз здравјето на луѓето“, се наведува во истражувањето, додавајќи:

„Поместувањето на часовникот еден час напред во пролет има најмногу негативен ефект врз деноноќниот ритам. Поточно, на физичките, психолошките и бихејвиоралните промени кои ги доживуваме во текот на 24 часа“, пишува Мирор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни