Малините се многу здрави бобинки. Имено, тие содржат многу антиоксиданси кои помагаат во намалување на крвниот притисок и ризикот од срцеви заболувања, а богати се и со витамините Ц и К, како и со калиум, железо и манган.
Нутриционистката Тереза Џентиле објасни дека специјалитетот на малините е процентот на влакна кои се наоѓаат во ова овошје. Имено, една шолја малини содржи дури осум грама влакна, што е многу повеќе отколку во другите намирници.
Растителните влакна се неопходни за нормално функционирање на дигестивниот тракт и позитивно делуваат на срцето“, вели Џентил.
Сепак, треба да бидеме внимателни со влакната бидејќи во прекумерни количини може да доведат до стомачни проблеми, надуеност и дијареа. Според упатствата, луѓето треба да консумираат 28 грама влакна дневно.
Ако вообичаено не консумирате многу влакна, кога ќе одлучите да ги вклучите во вашата исхрана, правете го тоа постепено и следете како се чувствувате. Се разбира, пијте многу вода за да ги олесните стомачните тегоби од зголемувањето на дневниот внес на влакна.
Фото: pexels