Не молчиме пред неправдата: Меѓународен ден на сеќавање на трансродовите лица

Денес, 20ти Ноември, го одбележуваме Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите лица, ден кога се потсетуваме на сите животи што беа насилно одземени поради трансфобија, говор на омраза и системска неправда.

Овој ден се одбележува од 1999 година, по убиството на Рита Хестер, црна транс жена од САД. Тој ден претсавува ден на сеќавање, но и ден на отпор, солидарност и потсетик дека борбата за безбедност и достоинство на трансродовата заедница не е завршена.

Сподер најновиот извештај на Transgender Europe (TGEU), преку проектот Trans Murder Monitoring (TMM), во период од 01 октомври 2024 до 30 септември 2025 година се регистрирани 281 убиство на трансродови и родово различни лица во светот. Од нив 94% биле транс жени, 88% биле black транс жени, 34% биле сексуални работнички како и 14% активисти и лидери на транс движењето. Овие податоци покажуваат дека насилството кон трансродовата заедница не е поединечен инцидент, туку системски проблем што ги погодуваат најмаринализираните во заедницата.

Во Северна Македонија, трансродовите лица и понатака се соочуваат со дискриминација, говор на омраза и институционална невидливост. Нашата заедница неколку пати го почуствува најтешкиот облик на насилство – загуба на свои членови, луѓе кои со својата храброс, љубов и автентичност оставија длабока траага и инстирација. Тие животи се дел од нашата колективна меморија и обврска никогаш да не молчиме пред неправдата.

Овој ноември, ТрансФормА спроведе онлајн кампања на социјалните медиуми под мотото „ Ноември – месец на сеќавање, видливост и отпор“ преку која беа споделени митови и факти за трансдоровата заедница. Целта на кампањата е да се рушат стереотипите, да се подигне јавната свест и да се охрабри општеството кон разбирање и прифаќање.

Затоа ги повикуваме институциите, медиумите и целото општество да не останат неми пред фактите. Препознајте дека овие 281 убиство не се само бројка – тие се животи, имиња и приказни.

Во Северна Македонија и понатака останува нерешено едно од најважните прашања за достоинствен живот на трансродовата заедница, а тоа е усвојување на јасна и достапна процедура за правно признавање на родот. Овој закон не претставува привилегија, туку основно човеково право што ја гарантира можноста секое трансродово лице да живее со документи кои го одразуваат неговиот идентитет. Отсуството секојдневно ја изложува оваа маргинализирана заедница на дискриминација, понижување како и иституционални бариери.

Но наместо да го препознаат овој реален и итен проблем, премногу често се соочуваме со молк од институциите, молк кога се пријавува насилство, молк кога се бара заштита, молк кога се бара еднаквост. Токму тој молк создава простор за омраза, негирање и уште поголема ранливост на нашата заедница.

Затоа повторно повикуваме да не преознаете како граѓани од прв ред. Со исти права и достоинство без дискриминација, без омраза и без насилство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни