Не е време кога треба да празнуваме, туку да излеземе на протест и да го изразиме работничкото незадоволство

Протестот ќе започне во 11 часот од пред зградата на Работничкиот дом.

Првиот синдикалец во државата, Слободан Трендафилов денеска уште еднаш повика на масовност на протестот на работниците на 1-ви мај.

Протестот ќе започне во 11 часот од пред зградата на Работничкиот дом.

Според Трендафилов, платите во Македонија се мизерни и не се зголемуваат согласно Колективните договори. Тврди дека Владата и работодавачите одбиваат да ги зголемат сите плати. Смета дека ова се доволни причини за протест на првиот ден од месец мај, а не за марш.

-Денеска не е време кога треба да празнуваме. Треба да менуваме традиција и ние како и сите земји во ЕУ да излеземе на протест и на таков начин да го изразиме нашето работничко незадоволство. Денеска за жал, огромен број на работници во приватниот сектор, немаат добиено плата за месец март. Колку ќе дојдете и колку ќе дојдеме, толку ќе добиете и толку ќе добиеме. Владата и работдавачите нѐ бројат, рече Трендафилов на прес-конференција и додаде дека во Македонија, минималната плата го пробуши дното.

-Не е време за пиво и скара, време е за борба за работнички права, дециден е претседателот на ССМ.

Околу процесот за репрезентативноста на синдикатите, Трендафилов вели дека процедурата е на половина – преброени се половина од членовите на ССМ. За оваа недела не е закажана седница на Комисијата за утврдување на репрезентативност.

-Тоа што нас нѐ загрижува е што во моментот сите се против ССМ само затоа што бараме зголемување на платите и достоинствен живот. Работниците треба да застанат со нас. Никој не може да им се заканува, порача првиот синдикалец во државата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни