На самиот почеток на развојот на автомобилската индустрија, гумите воопшто не биле црни – напротив, биле бели или светлосиви, бидејќи природната гума има таква боја. Но, со зголемувањето на брзината на возилата и побарувачката за поиздржливи материјали, станало јасно дека ваквите гуми не можат да ги издржат условите на секојдневното возење.
Клучната промена: додавање саѓи
Пресвртот во индустријата се случил со додавањето на црн јаглерод (саѓи), материјал кој целосно ги променил перформансите на гумите. Оваа супстанција, која е речиси чист јаглерод и се добива со нецелосно согорување, се додава во гумената смеса за да ја зајакне структурата, ја зголеми издржливоста и да ја подобри отпорноста на абење.
Резултатот не бил само промена на бојата, туку вистинска револуција во безбедноста и долговечноста.
Црната боја како „невидлив штит“
Црната боја на гумите всушност е показател за нивната издржливост.
Со додавање саѓи, гумите стануваат поотпорни на високи температури, помалку подложни на оштетувања и подолготрајни.
Без овој додаток, експертите проценуваат дека гумите би траеле само неколку илјади километри – што би ја направило возењето и поскапо и понебезбедно.
Заштита од сонце и временски услови
Саѓите имаат уште една важна улога – заштита од UV зрачење и озон.
Овие фактори можат да предизвикаат пукање на гумата, распаѓање на материјалот и намалување на безбедноста. Благодарение на оваа заштита, гумите можат да издржат екстремни услови – од летни жештини до зимски минуси.
Безбедност и електрична проводливост
Црниот јаглерод ја прави гумата благо електрично проводлива, што овозможува одведување на статички електрицитет, намалување на ризик од електрични празнења и подобра стабилност при возење.
Покрај техничките предности, црната боја има и практична улога подобро ја прикрива нечистотијата, не ги покажува трагите од абење и изгледа добро подолго време. Иако денес е можно да се произведуваат гуми во различни бои, црната останува доминантен избор бидејќи нуди најдобар баланс меѓу функционалност, издржливост и естетика.