Мигрена е многу повеќе од обична главоболка. Ова комплексно невролошко пореметување може да предизвика силни напади на болка, често придружени со: пулсирачка болка на една страна од главата, мачнина и повраќање и изразена чувствителност на светло, звук и силни мириси
Кај некои луѓе мигрената ја најавува аура – кратки невролошки симптоми како блесоци пред очи, заматен вид, трнење во рацете или тешкотии со говорот.
Лекарите велат дека мигрената често е комбинација од генетски фактори и влијание од околината: стрес, недостаток на сон, хормонски промени, одредена храна или промена на времето може да ја активираат.
Иако не секогаш може целосно да се спречи, правилната терапија и препознавање на тригерите значително ја намалуваат учесталоста и интензитетот на нападите. Лекарите советуваат: доколку имате чести или силни главоболки, побарајте стручна помош за точна дијагноза и терапија.